Android му раскина на Huawei по наредбата на Трамп

Објавено на 20.05.2019 во Новости



Android му раскина на Huawei по наредбата на Трамп

Android повеќе нема да биде достапен на смартфоните на Huawei со лиценцираните апликации на Android како Gmail, Google Play, Calendar и останатите. 

Оваа одлука Google ја донесе откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп ја стави компанијата Huawei на црната листа.

Тоа го става Huawei во незавидна положба бидејќи ќе може да ја користи само отворената платформа на Android, но без неопходните и основните апликации. Засега Huawei решение може да најде во сопствена база на апликации и сервиси кои ќе се базираат на Android или пак на сопствен оперативен систем базиран исто така на оваа основа.

Исто така со оваа одлука значи дека Huawei нема да може да врши ниту софтверски надградби. Постоечките корисници на Huawei и натаму ќе имаат пристап до Google Play. 

САД им забрани на сите американски компании да соработуваат со Huawei кој се бори да се наметне како снабдувач на инфраструктура за 5G мобилна мрежа.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}