Huawei: Ќе продолжиме да градиме сигурен и одржлив софтверски екосистем

Објавено на 20.05.2019 во Новости



Huawei: Ќе продолжиме да градиме сигурен и одржлив софтверски екосистем

Huawei направи значителен придонес во развојот на Android низ целиот свет. Од таа компанија велат дека како еден од клучните глобални партнери на Android, ќе продолжат да го развиваат екосистемот во корист на потрошувачите и на целата индустрија. 

„Како еден од клучните глобални партнери на Android, ние тесно соработуваме со платформата со отворен код, развивајќи го екосистемот во корист на потрошувачите и на целата индустрија. 

Huawei ќе продолжи да ги обезбедува своите корисници со најновите надградби за безбедноста на софтверот, како и сите услуги поврзани со постпродажната услуга на постоечките Huawei и Honor производи на пазарот. Вклучувајќи паметни телефони и таблети што веќе се купени од крајните корисници, но исто така и оние кои сè уште се достапни на глобалните пазари. Ние ќе продолжиме да градиме сигурен и одржлив софтверски екосистем, кој ќе им го овозможи најдоброто искуство на потрошувачите и нашите клиенти ширум светот“, соопштуваат од таа компанија.

Имено од Google посочуваат дека безбедносните функции на Google Play и Google Play Protect ќе продолжат да работат на постоечките Huawei уреди.

"Ние во моментот ги исполнуваме барањата и ги согледуваме последиците од тоа. За корисниците на нашите услуги, безбедносните функции на Google Play и Google Play Protect ќе продолжат да работат на постоечките Huawei уреди."

Во врска со прашањата како Huawei  ќе одговори на најновата акција на американската влада посочуваат:

„Ве уверуваме дека додека ги почитуваме барањата на американската државна администрација, услугите како што се Google Play и Google Play Protect ќе продолжат да работат на постоечките Huawei уреди.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}