EA ги лансира NBA JAM и FIFA 12 за Android

Објавено на 17.03.2012 во Новости



EA ги лансира NBA JAM и FIFA 12 за Android

 

Веста која ќе ги израдува големите гејмери е тоа што позната гејмерска куќа EA, ги претстави најновите верзии на NBA JAM и FIFA 12 за Android OS.

Нема потреба да се објаснуваат кои се и што се овие познати игри, само ќе се задржиме на новините. Имено, покрај графичките подобрувања и прилагодувања за Android, нема некои позначителни промени – се разбира, плус фактот дека вклучени се промените од светските трендови и зголемена е реалистичноста при играње.

 

Кај NBA JAM присутни се два-на-два мечовите и може да се играат како кратка игра, кампања или локално во multiplayer мод. За жал, нема multiplayer мод преку интернет, значи ограниечени сте на WiFi или Bluetooth конекција.

За жал, уште не е познато дали игрите ќе бидат поддржани на новиот Android 4.0, но барем добро е што голем дел од вас, се надеваме, сè уште не преминале на Android 4.0 ICS.

Игрите чинат по 5 долари и можете да ги преземете од следниве линкови:

За NBA JAM – ОВДЕ.

За FIFA 12 – ОВДЕ.





Прочитајте повеќе: