Google отстрани два Android предводника на Huawei

Објавено на 25.05.2019 во Android



Google отстрани два Android предводника на Huawei

Huawei го регистрираше името Hongmeng, што во кинеката методологија "hongmeng" означува ситуација пред создавање на свет, за својот оперативен систем, базиран на Android. После првиот шок, Google објави дека продолжува со поддршка за смартфоните на Huawei до 19 август.

Се работи за отворена платлформа, која треба да се прилагоди на различните производи за релативно кратко време. Не е занемарлив ниту фактот што наводниот Hongmeng е така смислен што сите Android апликации може да функционираат на него без проблем. Зад Hongmeng наводно стои професорот Чен Хаибо од шангајскиот Универзитет Jiao Tong, кој го развива од 2012 година. Конечната верзија треба да биде компатибилна со Android апликациите на телефоните, компјутерите, таблетите, телевизорите и автомобилите. Би требало дури и визуелно да биде сличен со цел корисниците да се прилагодат побрзо и полесно. Инаку, Google од својот список на уреди со Android го отстрани Huawei Mate X и Huawei P30. Тоа е сигурен знак дека најверојатно Huawei веќе почнува со воведување на својот оперативен систем, што допрва ќе го видиме.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}