Дали iPhone конечно се префрла на USB од Lightning конекторот?

Објавено на 10.06.2019 во Новости



Дали iPhone конечно се префрла на USB од Lightning конекторот?

Apple во последниве години никако не се откажуваше од посебниот вид на Lightning конектор за полнење и поврзување со надворешни уреди. Тоа предизвикува големи глобални еко проблеми бидејќи се користат различни стандарди од широко прифатениот USB, а со тоа и многу непотребни количини на електронски отпад од некомпатибилни полначи.

Можеби годинава за прв пат Apple ќе се реши да ги прифати новиот USB Type C стандард кој овозможува брзо полнење на батеријата и брз пренос на податоци. Со тоа iPhone 11 би бил првиот смартфон на Apple кој е компатибилен и со стандардните полначи на Android смартфоните.

Веќе во новиот оперативен систем е овозможена софтверска поддршка за USB Type C, па сега преостанува Apple само да го прилагоди и хардверот на iPhone 11. Инаку во изминативе 10 години Apple заработуваше милиони од провизии од продажбата на Lightning конекторот и неговото лиценцирање на надворешни снабдувачи и препродавачи.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}