Сега и корисниците на iPhone може да бараат поврат на ДДВ

Објавено на 12.07.2019 во Новости



Сега и корисниците на iPhone може да бараат поврат на ДДВ

Корисниците на iPhone откако почекаа десетина дена сега ќе може да бараат поврат на ДДВ од 15% преку скенирање на фискалните сметки со нивните смартфони. Министерството за финансии и Управата за јавни приходи конечно успеаја да ја активираат апликацијата Мој ДДВ и во Apple App Store.

Апликацијата „Мој ДДВ“ за iPhone функционира исто како и Android верзијата со тоа што треба да се регистрирате со истата мејл адреса со која сте регистрирале електронска даночна пријава преку е-системот на УЈП, како и да поставите заштитен ПИН со кој ќе се најавувате.

Граѓаните имаат право на поврат од 15% од износот на ДДВ на фискалните сметки. Апликацијата „Мој ДДВ“ за iPhone и iPad може да ја преземете од следниот линк





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}