HTCSense.com ќе ви ги брише фајловите?

Објавено на 28.03.2012 во Новости



HTCSense.com ќе ви ги брише фајловите?

 

HTC најави дека набрзо ќе го затвори сајтот HTCSense.com, поради реновирање, но после тоа корисниците нема да ги добјат фајловите назад?!

Ова „реновирање“ ќе се одржи на 30-ти април, но после тоа корисниците нема да можат да си ги вратат прикачените фајлови назад, затоа се препорачува да се преземат сите потребни фајлови.

За оние кои не се запознаени, HTCSense.com е cloud-услуга за синхронизација на HTC уредите, која прави копија на контакти, пораки, историја на повици итн. на своите сервери – нешто слично како iCloud.

Засега не е јасно зошто HTC по реновирањето ќе ги избрише сите кориснички фајлови, земајќи предвид дека се работи за сервис за синхронизација, но сигурно тие имаат некој свој план за ова.