Google подготвува нов мобилен OS?

Објавено на 28.03.2012 во Новости



Google подготвува нов мобилен OS?

 

Системот на Google, Chrome OS, започнува да доминира врз сè повеќе хардверски платформи, со што се приклучува во војната на процесорите.

Имено, овој OS досега беше тестиран само на компјутери со Intel Atom процесори. Но, сега успешно проработи и на Exynos 5250 ARM процесорот на Samsung – на некој нов уред наречен со кодно име „Daisy“.

Ова го наметнува прашањето дека Google може да спрема целосно нов оперативен систем за мобилните уреди, покрај добро-раширениот Android.

Споменатиот процесор Exynos 5250 ARM е закажан да се појави на пазарот на средина од 2012 година, а ќе доаѓа во форма на дво-јадрен процесор со 2GHz. За него веќе се говори дека ќе биде „врв“ во мобилната процесорска технологија.

Сега на овој податок, додате го фактот дека Chrome OS е успешно тестиран дека работи на него и, според многу експерти, добивате „добитна“ комбинација.