HTC овозможува offline навигација за WP телефоните

Објавено на 30.03.2012 во Новости



HTC овозможува offline навигација за WP телефоните

HTC туку што реши да одговори на некои предизвици, па затоа овозможи бесплатна гласовна навигација за смартфоните со WP.

Ова ќе се одвива преку апликацијата Locations app кај овие телефони, а има за за задача полека да им парира на Nokia Lumia ривалите.

Иако Locations не беше наменета да им парира на Nokia Drive, сега преку неа ќе можете да преземате мапи за offline употреба и навигација преку нив. Исто така, поддржана е и опцијата turn-by-turn гласовната навигација за одење и возење.

За мапите на HTC Locations се грижи TomTom, така што покриеноста е одлична, а бидејќи сите смартфони со WP имаат GPS приемници, тие лесно може да ги заменат основните SatNav уреди.