Google Drive ќе нуди 5GB простор за мобилни

Објавено на 02.04.2012 во Новости



Google Drive ќе нуди 5GB простор за мобилни

 

Услугата за складирање на податоци во склоп на апликацијата Google Drive, која најпрво ќе се појави за Android ќе нуди слбоден простор од дури 5GB.

Освен што тоа може да се види од некои фотографии, нема место за сомнеж во тоа бидејќи корисниците на iOS веќе добија ваква можност со новиот iCloud сервис за складирање.
 
Google Drive ќе нуди можност за "кога ќе направите промени на еден фајл на некое место, тогаш тоа автоматски се надградува насекаде". А изгледа дека тоа е и мотото на серивост - "Сите ваши фајлови - насекаде".

Како точно Google Drive ќе биде поврзан за сервиси како Gmail со неговите 7GB простор за Picasa и Google Docs  итн, останува да се види, но изгледа нема да чекаме многу долго, бидејќи се најавува дека ова ќе се случи во првата недела од април – значи, од денес натаму.