Lenovo го претставува 9,7 инчниот IdeaTab S2109

Објавено на 10.04.2012 во Новости



Lenovo го претставува 9,7 инчниот IdeaTab S2109

Кинескиот производител Lenovo го претстави новиот 9,7 инчниот таблет IdeaTab S2109.

Се работи за уред со IPS LCD дисплеј со однос 4:3, исто како кај iPad 2. Во поглед на дизајн, тој е тенок 8,9 мм – што за денешни услови е супер.

Изгледа дека производителот доста се погрижил околу звукот, па затоа таблетот има дури четири одлични звулници, кои резултираат со одлична репродукција на бас. Сепак, она што можеби нема да им се допадне на многумина е недостатокот на главна камера од задната страна, туку само предна од 1,3 мегапиксели за видео повици.

Од другите карактеристики, има microUSB и microHDMI излези и слот за microSD мемориска картичка. Lenovo вели дека IdeaTab S2109 би требало да издржува 10 часа со едно полнење – повторно добри вести.





Прочитајте повеќе: