Четири-јадрен Meizu MX

Објавено на 17.04.2012 во Новости



Четири-јадрен Meizu MX

 

Сè попопуларната кинеска компанија Meizu ја претстави четири-јадрената верзија на смартфононот Meizu MX.

Кај надградениот телефон, моќта ќе ја доставува четири-јадрениот Samsung Exynos процесор - засега нема податоци за неговата брзина.

Новина има и кај батеријата која сега има моќ од 1700mAh, како и „маските“ со кои доаѓа телефонот, односно пет нови бои (видете слика).

За сè да оди како што треба ќе се грижи Android 4.0 Ice Cream Sandwich со помош на Meizu интерфејсот. Останатиот дел од перформансите се исти како кај оригиналниот модел, а за нив можете да прочитате овде.


Телефонот ќе доаѓа во верзија од 32 и 64GB по цена од 480, односно 635 долари.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: