Panasonic Eluga е достапен низ Europe

Објавено на 20.04.2012 во Новости



Panasonic Eluga е достапен низ Europe

 

По подолго време повторно се појави Panasonic на пазарот со смартфонот Panasonic Eluga за кој пишувавме неодамна.

Panasonic Eluga доаѓа со IP57 сертификат за отпорност на вода и прашина. Телефонот ќе доаѓа во сребрена и црна боја и чини 440 евра, а прва земја која го доби е Германија.

Eluga се базира на дво-јадрениот TI OMAP 4430 процесор на 1GHz и користи PowerVR SGX540 графичка карта. За сликата се грижи 4,3 инчен OLED qHD дисплеј и камера од 8 МП како и внатрешна меморија од 8GB која не се проширува.

Panasonic Eluga работи на Android 2.3 Gingerbread, но се работи и на надграба во 4.0 ICS.