Доста е со Angry Birds

Објавено на 28.04.2012 во Новости



Доста е со Angry Birds

 

Двајца водечки инженери од гејмерското студио Rovio, производителот на Angry Birds, ќе започнат своја компанија за создавање на слични игри.

Името се работи за главниот архитект на Angry Birds, Енти Стин, и главниот графички дизајнер, Томас Ерикоинен, кои ја напуштија познатата компанија Rovio за да создадат своја компанија каде ќе произведуваат игри за различни платформи.


Се разбира, понатаму планираат да најмат повеќе врвни лица во тимот, но засега ќе бидат само тие – токму луѓето кои се потребни за да осмислат една ваква игра.

Тие изјавија дека најпрво ќе почнат со правење на HTML5 игри за подоцна да ги разработат и другите платформи.


 

Автор: Aleksandar Stankov