До 2017-та половина смартфони ќе "позеленат"

Објавено на 12.05.2012 во Новости



До 2017-та половина смартфони ќе

Juniper Research предвидува дека зелената еколошка иницијатива на големо ќе го зафати мобилниот сектор до 2017-та.

Оваа аналитичка компанија се занимава со истражување на развојот на телекомуникацискиот сектор, со посебен акцент на зелената иницијатива за поздрава еколошка средина. Според нивните анализи до 2017-та на пазарот ќе се најдат околу 400 милиони еколошки мобилни уреди, од кои половина ќе бидат смартфони. Под еколошки се подразбира мобилен уред кој е направен од барем 50% рециклирачки материјали.

Освен самиот начин на изработка на телефоните, од Juniper Research наведуваат дека е потребно и самите произведители и оператори да учествуваат во развивањето и промовирањето на еко свеста.

Автор: Aleksandar Stankov