Помалку СМС, повеќе пораки на Facebook

Објавено на 15.05.2012 во Новости



Помалку СМС, повеќе пораки на Facebook

 

Нов извшетај покажува дека се намалува бројот на испратени СМС пораки, додека расте бројот на пораките кои се испаќаат преку социјалните мрежи.

Тука поконкретно се мисли на Данска и Норвешка, каде е забележано дека бројот на СМС пораки сè повеќе се намалува, додека народот „виси“ на Facebook и главно комуницира преку нив.

Трендот исто така се забележува и кај корисниците на Филипините, чии корисници пишуваат најмногу СМС пораки во светот, кои во 2010 година просечно испраќале 660 пораки месечно, за тој број во 2011 година да изнесува 400 пораки месечно.

Чудно е што ова е случај дури и кај корисниците во земји, како Данска, каде во месечната мобилна претплата е вклучен неограничен број на пораки за истата цена. Значи плаќаат исто за мобилен, но и покрај тоа го користат за пораки повеќе го користат Facebook.

Но, падот на СМС пораките не се должи само на Facebook, туку и на другите средства за комуникација како Skype, iMessage и Google Voice.