HP ќе прави таблети со Windows 8

Објавено на 16.05.2012 во Новости



HP ќе прави таблети со Windows 8

Hewlett-Packard се одлучи повторно да произведува таблети, овој пат тие ќе роаботат на новата платформа Windows 8 на Microsoft.

HP се одлучи за ваков чекор откако се откажа од таблетот TouchPad со webOS со кои не доживеа речиси никаков успех, па затоа компанијата довербата ја најде кај Windows 8.

Од HP изјавија дека немаат кој знае какви големи планови за освојување на пазарот со овој уред, туку ќе целат кон сегментирана група на корисници.

Според нив, таблетот би можел да се појави на крајот од есента или почеток на зимата – токму кога се најавува и официјалното лансирање на Windows 8 платформата.
 

Автор: Aleksandar Stankov