Orange со своја верзија на ZTE Kis

Објавено на 29.05.2012 во Новости



Orange со своја верзија на ZTE Kis

 

Британскиот оператор Orange лансира сопствена верзија на ZTE Kis, кој ќе го носи името Dublin. Со овој смартфон,  Orange ја продолжува серијата на смартфони кои носат имиња на градови.

Orange Dublin ќе работи на оперативниот систем Android 2.3 Gingerbread и ќе има нешто послаби технички специфики. Па така, ќе има само едно јадрен Qualcomm проецеор на 800 MHz, 256MB RAM и можност за надворешна меморија до 32 GB.

Екранот ќе биде со големина од 3.5 инчи, а камерата со 3.2 мега пиксели. Освен ова,  Orange Dublin ќе биде првиот британски телефон со процесор на Intel.