Обложувањето преку мобилен зема замав

Објавено на 30.05.2012 во Новости



Обложувањето преку мобилен зема замав

 

Уште едно интересно истражување на Juniper Research околу се поопфтната употреба на мобилните телефони. На ред е да се видат бројките и статистиката колку луѓето обожуваат да се обложуваат преку нивните смартфони.

Juniper Research е истражувачки центар кој се занимава со итстражување на податоците за употребата на мобилните телефони, областите во кои има најголем напредок, како и разни стратегии и анализи како ќе се развиваат во иднина.

Овој пат во фокусот е обложувањето преку мобилен, па да ги погледнеме фактите. Со лансирањето на неколку сервиси за обложување, како и онлајн казина, само во минатата година е направен вкупен промет од 20 милијарди $. Во Велика Британија со промовирањето на онлајн обложувалниците, прометот остварен преку мобилен изнесува 20 % од целокупното онлајн коцкање. Тој процент според нив, драстично ќе се зголеми, бидејќи ќе се лансираат многу мобилни сервиси за обложување, онлајн казина и онлајн лотарии.  Одредени социјални платформи, како Zynga, од играње за забава на игрите со коцкање, ќе лансираат и верзии со вистински пари.

Финалната прогноза е дека за пет години прометот на обложување, остварен преку смартфоните, ќе изнесува и до 100 милијарди $ годишно.