Sony ги претставува водоотпорните Xperia Go и Xperia acro S

Објавено на 31.05.2012 во Новости



Sony ги претставува водоотпорните Xperia Go и Xperia acro S

Sony претстави два нови Xperia смартфони, Xperia Go и Xperia acro S, кои покрај извонредните перформанси, тие се отпорни на вода и прашина.

Првиот (Xperia Go ) е направен за луѓњто со „активен“ животен стил па затоа доаѓа како наследник на Xperia active. Тој има 3,5 инчен дисплеј со „wet finger tracking“ технологија, дво-јадрен процесор на 1GHz камера од 5 МП, HSPA, Wi-Fi, итн.

Што се однесува до Xperia acro S, тоа е сосема различна приказна. Доаѓа со голем 4,3 инчен HD дисплеј, камера од 12 МП на задната страна, NFC технологија, а помина и IP55 и IP57 сертификати за отпорност на прашина и вода.

За жал, Sony не соопшти кога двата телефони ќе се најдат во понудите, ниту колку ќе чинат.