Голем гаф на BBC

Објавено на 31.05.2012 во Новости



Голем гаф на BBC

BBC го помеша логото на Советот за безбедност на Обединетите Нации со логото на популарната игра Halo.

Ваквата грешка можеби и не е толку големо изненадување бидејќи  акронимот UNFC или United Nations Security Council, се користи и во играта Halo. Па така, во веста за расправата на Советот за бесбедност при ОН, испадна дека за ситуацијата во Сирија расправаат  силите на United Nations Space Command. Па ништо чудно ако во скоро време Сирија ја нападнат вселенските комадоси. Иако сличноста е голема, сепак ваков гаф не треба да му се случи на најголемиот светски центар за вести BBC.

Ваквиот гаф го поттикна интересот на неколку веб игри за мобилен, кои се дел од популарната франшиза, како Halo Quiztacular и Spartan Warfare, која е достапна бесплатно на Goole Play Store и е наменета за Android.

Целиот гаф погледнете го од следното видео.