Смартфон со Калифорниски шарм ќе се продава во Европа

Објавено на 01.06.2012 во Новости



Смартфон со Калифорниски шарм ќе се продава во Европа

 

Првиот смартфон на Intel, наречен San Diego, ќе почне со продажба во Европа од 6 јуни, оваа година. Смартфонот, кој претходно беше познат како Santa Clara, ќе биде дстапен преку британскиот оператор Orange, a одтаму се планира и пласман во други европски држави.

Смартфонот San Diego работи на Intel's Atom Z2460 процесор со капацитет од 1.6 GHz. Неговиот екран е со дијагонала од 4 инчи, со резолуција од 1024 х 600, потоа камерата е со солидни 8 мп, со можност за снимање на видеа со резолуција до 1080 пиксели.

San Diego ќе стартува со оперативниот систем 2.3 на Android, со веројатност дека ќе следи надградба до Android 4.0.

Влегувањето на Intel во пазарот на смартфони ќе биде следено со внимание. Најавата на ваков потег и на неколку други компании, ветува возбудлив период во оваа трка на производителите за што подобар смартфон.