Vodafone промовира ефтин смартфон
Vodafone Smart 2 е новиот адут, кој доаѓа со пристапна цена од 70 фунти. Овој смартфон е наследник на Vodafone Smart и ја таргетира групата на корисници кои ќе купат смартфон по прв пат.
По претпоставка, ваквиот потег да го следи некој наш оператор, цената на овој квалитетен смартфон, би изнесувала од 100 до 150 евра, со склучување на двегодишен договор.
Vodafone Smart 2 е прилично добар, ако ги погледнеме неговите специфики. Екранот на допир има дијагонала од 3.2 инчи, а камерата е со 3.2 мега пиксели.
Тој работи на оперативниот систем Android 2.3 и располага со солиден хардвер. Има процесор од 800 Mhz, 150 MB вградена меморија, HSPA, GPS, Bluetooth, како и вклучена microSD картичка од 2GB.
Се надеваме дека некој од нашите оператори ќе ни овозможи да купиме солиден смартфон по пристапна цена.