Infinity Blade 2

Објавено на 06.10.2011 во iOs



Infinity Blade 2

 

Мајк Капс од Epic Games шоуто со претставувањето на новиот iPhone го искористи за промоција на уште една нова апликација – овој пат тоа е игра. 
 
Но, не која било игра – туку - Inifinity Blade 2. Кога некој ќе ви спомне игра која се базира на технологијата Unreal Engine 3 неколку работи ви доѓаат прво на ум. Но, најпрвата е феноменалната графика, а второ цената.
 
Infinity Blade 2 има исклучителна цел, првата работа да ја покрене на сосема ново и невидено ниво, а подоцна и втората.
 
Од компанијата изјавија дека во новата верзија се работи за графика која „никој досега ја нема видено на мобилните уреди“. Инаку, тука е старото и добро мечување со чудовишта големи колку вашиот екран (добро, нешто помали оти помаел е и екранот).
 
Ова второ продолжение на Infinity Blade во App Store ќе се најде од 1 декември, а тоа не е и нешто далку, нели.