ChatON, одговорот на Samsung за BBM и iMessage
Објавено на 16.10.2011 во Android
Инстант месенџерот на Samsung, ChatON, конечно се најде на Android пазарот и е достапен за секој со Android 2.2 или понова верзија.
ChatON, всушност, е одговор на BBM за BlackBerry и iMessage на Apple, а уште поироничен е фактот што иако оваа апликација е наменета за Android, сепак набрзо и iOS и BlackBerry OS ќе добијат свои верзии.
Покрај разговорите еден-на-еден, сервисот поддржува групни четови, емитувања, анимирани пораки, како и праќање фотографии, видеа, аудио итн.
Исто така, има и некои опции како Interaction Rank кои ви покажуваат кога има активен корисник на ChatON.
На вас останува да го испробате и да кажете колку навистина тоа може да му парира на iMessage од Apple кој неодамна се претстави со новиот iOS 5.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.