Откриено неверство со апликацијата „Find my Friends“

Објавено на 17.10.2011 во iOs



Откриено неверство со апликацијата „Find my Friends“

 

Една од најновите апликации во App Store, „Find my Friends“ деновиве доби на популарност кога се најде во една несекојдневна ситуација.
 
Прво да потсетиме. Оваа апликација е наменета за пронаоѓање на други корисници со iOS во близина.
 
Е сега, еве како апликацијата случајно си нашла примена. Приказната говори за еден случај во САД каде еден сопруг кој се сомневал во својата жена дека го изневерува, без таа да знае и ја ставил апликацијата на нејзиниот iPhone.
Кога таа му рекла дека ќе оди кај некоја пријателка, тој се разбира се посомневал и со помош на апликацијата успеал да види дека таа воопшто не оди на кафе со пријателка, туку во другиот дел од градот си ужива со својот љубовник. Сопругот дури и пратил и СМС порака, но и тука таа го излажала.
 
Се разбира, Apple не очекувале дека апликацијата може да се искористи за ваква примена, но засега не го осудуваат примерот.
 
Во изјавија за новинари, изневерениот сопруг му се заблагодарува на Apple и App Store.