Winamp за Android се синхронизира со Mac

Објавено на 30.10.2011 во Android



Winamp за Android се синхронизира со Mac

 

Winamp, познатиот музички плеер за PC, ја претстави најновата своја верзија за Android, која сега им дозволува на корисниците на Mac PC да ги синхронизираат своите песни со Android.
 
Во тој правец, компанијата го лансираше „Winamp for Mac Sync“ во бета верзија, што овозможува многу опции со само со еден клик кај iTunes, како синхронизација, создавање плеј-листи и нивно управување, пуштање песнио како и бежична синхронизација.
 
Покрај поддршката за Mac, оваа верзија на Winamp за Android исто така нуди целосен пристап до „Spinner MP3 of the Day“ песните (пред тоа беа можни само 20 вакви песни“, повеќе албуми, подобар аудио квалитет и разни други подобрувања и кодекси.
 
Професионалната верзија (достапна за 4,99) долари доаѓа со 10 делен графички еквализатор, многу теми, можност за навигација и пребарување на музиката по фолдери, поддршка за форматот FLAC, ги брише пазнините меѓу песните, можност за директно слушање (стриминг) од која било веб-страна итн.
 
Автор: Aleksandar Stankov