Samsung ChatON сега е достапен и за iOS

Објавено на 08.01.2012 во iOs



Samsung ChatON сега е достапен и за iOS

 

iOS го има својот iMessage, што е доста добра апликација за пораки, но и единствена, барем додека, Samsung ChatON не стана достапен за неа.
 
Апликацијата доаѓа од една од најпознатите компании во мобилниот свет и веќе многу фалена за својата намена. Сега е бесплатно достапна во AppStore за верзиите на системот, од iOS 4.2 нагоре.
 
 
Samsung вети дека апликацијата ќе ја направи достапна за повеќето платформи, иако за почеток Windows Phone е изоставен од планот. ChatON  сега е достапен за Android, bada и iOS, а Samsung ветува дури и верзија за BlackBerry.
 
Со ChatON корисниците ќе можат да испраќаат приватни пораки, да комуницираат на групен чет и да споделуваат слики, видеа, гласовни пораки и контакти.
 
Преземете ја апликацијата од ТУКА.