Call Of Duty ELITE за iPhone
Објавено на 13.01.2012 во iOs
Во ноември, Activision, при претставувањето на Call of Duty: Modern Warfare 3, престави нова услуга со име Call of Duty Elite, а сега има и апликација за неа.
Call of Duty Elite им ги овозможува на гејмерите сите „фенси“ додатоци при multiplayer играњето, како различна статистика речиси за секој можен аспект од играта.
- Прегледување на вашата multiplayer активност.
- Анализирање на напредокот споредбено со времето и во кои области треба да го подобрите играњето, или во кои области сте подобри од вашите соиграчи.
- Да видите како стојат вашите соиграчи на одредена стаза.
Апликацијата можете да ја преземете бесплатно од ТУКА.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.