Sony најавува ефтини смартфони од серијата Xperia Tipo

Објавено на 13.06.2012 во Новости



Sony најавува ефтини смартфони од серијата Xperia Tipo

 

Оваа серија на ефтини смартфони, претходно беше позната под кодното името Tapioca, a ќе содржи два смартфони.

Xperia Tipo ќе има еден смартфон што ќе работи на платформата на Android, заедно со негова верзија со две сим картички, наречен Xperia Tipo Dual.

Овие два нискобуџетни смартфони се наменети пред се за оние кои ќе купат смартфон за прв пат. Смартфоните ќе имаат екран од 3.2 инчи, Qualcomm просецор на 800 мегахерци и камера со резолуција од 3.2 мега пиксели. Голема предност на Xperia Tipo ќе биде батеријата од 1,500 mAh.

Xperia Tipo смартфоните ќе се лансираат со оперативниот систем Ice Cream Sandwich. Најрано може да ги очекувме кон крајот на летото.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: