Мулти-талентот LG Optimus 4X HD

Објавено на 13.06.2012 во Новости



Мулти-талентот LG Optimus 4X HD

Optimus 4X HD, за кој ви пишавме дека дојде во Европа, е опреемен со нова SiO+ батериска технологија, Quick Memo™ апликација и Media Plex™  технологија.

Една од главните карактеристики на Optimus 4X HD телефонот е NVIDIA Tegra 3 процесорот, кој користи петто јадро за најефикасна потрошувачка на електричната енергија. За максимална работење, Tegra 3 ги користи сите четири јадра, но, кога е во stand-by начин на работа, процесорот се фокусира нна петтото јадро, бидејќи тоа е побезбедно за батеријата. Специјално за моделот Optimus 4X HD е воведен и Eco-Mode, кој на корисниците им овозможува рачно да изгасат било кое од јадрата на процесорот Tegra 3.

„Optimus 4X HD е брз, но брзината не е единственото што го прави овој смарт телефон толку добар”, изјави д-р Jong-seok Park, претседател и извршен директор на компанијата LG Electronics Mobile Communications. „Различните искуства на корисниците на нашите уреди и извонредниот придонес на вработените во компанијата LG Electronic доведоа до создавање на овој напреден модел. Optimus 4X HD значително ја помести границата во целата индустрија, благодарение на високите перформанси и извонредниот стил.”

Покрај брзиот NVIDIA Tegra 3 процесор и напредниот True HD IPS екран со дијагонала 4,7 инчи, LG Optimus 4X HD може да се пофали со најиздржлива батерија меѓу quad-core смарт телефоните. Напредната SiO+ технологија обезбедува повеќе сила и подолг век на траење на батеријата воедно задржувајќи го тенкиот облик на телефонот. 

 

Една од новите функции кои можат да се најдат во моделот Optimus 4X HD е Quick MemoTM апликацијата, која овозможува објектите кои се наоѓаат во белешките директно и брзо да се споделат преку интернет.  Овој модел поседува и иновативен Media Plex™ додаток, кој во целост е подреден на полното корисничко искуство (User Experience - UX). Овој додаток опфаќа низа корисни опции, како Fingertip Seek функцијата која прикажува преглед на кој било видео запис, само со допир на копчето за репродукција или Live Zooming опцијата која овозможува корисниците да зумираат во тек на гледањето на видео записот.

Tom’s Hardware, еден од најпознатите светски портали, специјализиран за потрошувачка електроника, го избра Optimus 4X HD како еден од најиновативните производи на овогодишниот Светски конгрес на мобилна телефонија. За видео демонстрација на најнапредниот смарт телефон на компанијата LG, можете да ја посетите http://2url.kr/cmj.