Samsung ќе прави своја социјална мрежа

Објавено на 15.06.2012 во Новости



Samsung ќе прави своја социјална мрежа

 

Можеби Apple не направи ништо со Ping, но Samsung има сосема поинаква идеја со планот да направи своја социјална мрежа која би освоила повеќе различни уреди.

Услугата би се манифестирала преку апликацијата, Family Story, која ќе им овозможи на корисниците да споделуваат мисли, слики, видеа и чет.

Samsung оваа идеја ја добија по успехот на нивниот инстант месенџер ChatON кој сега е достапен и успешен на повеќето платформи.

Крајната цел на оваа мрежа би била прво да се рашири на сите Samsung уреди, смартфони, таблети, компјутери, камери и телевизори, па потоа да дојде на другите уреди. А, уште една амбиција на мрежата е оваа мрежа е просперитетно  да се спои со cloud сервисот на Amazon.