Samsung Galaxy S III ќе се полни безжично

Објавено на 20.06.2012 во Новости



Samsung Galaxy S III ќе се полни безжично

Samsung Galaxy S III има опција за бежично полнење, но корејската компанија сеуште не го пласирала соодветниот уред на пазарот. Сепак, најавите се дека од септември и оваа поволност ќе може да ја искористат гордите сопственици на овој смартфон.

За оваа потреба Samsung склучи договор за соработка со Qualcomm, па уредот за безжично полнење сигурно е во завршна фаза на изработка, а најрано може да го очекуваме кон крајот на летото.

Но, на еден сопственик на Samsung Galaxy S III, очигледно не му се чекало, па нашол начин како да го хакира уредот и да искористи делови од Palm Pre, како импровизиран полнач. Од ова видео погледнете го крајниот резултат.