Триото на Sony се појави во Кина

Објавено на 25.06.2012 во Новости



Триото на Sony се појави во Кина

Новите модели на јапонскиот производител Sony, Xperia Ion, Xperia Acro S и Xperia Go се појавија на кинескиот пазар. Овие смартфони ќе користат апдејтирани верзии на оперативниот систем Android.

Смартфонот Xperia Go доаѓа со 3.5-инчен дисплеј со резолуција од 480 x 320 пиксели, потоа  dual-core 1GHz процесор,камера од 5 мегапиксели, а за жал софтверот е подржан од постарата верзија на Android, Gingerbread, но добрите вести се дека потоа ќе следи надградба со Ice Cream Sandwich.

 Xperia Acro S има резолуција од 720 пиксeли на 4.3-инчниот екран,супер камера од 12 мега пиксели, заедно со PlayStation сертификатот.

Освен овие карактеристики, овие смартфони се водоотпорни и имаат сертификати за отпорност на прашина.