Врз хероите на Marvel ќе се одбиваат топки

Објавено на 02.07.2012 во Игри



Врз хероите на Marvel ќе се одбиваат топки

Zen Studios лансираше верзија на играта пинбaл, со тоа што како заштитни ликови во позадина се наоѓаат хероите од стриповите на Marvel.

На популарната игра Zen Pinball, може да играте на табли кои се обележани со големите јунаци од универзумот на Marvel, Captain America, Fantstic Four, Baron Zemo и Red Skull. Оваа верзија е достапна за корисниците на платформата на Android, а оваа игра е посебно дизајнирана за уредите кои поседуваат Nvidia Tegra графичка.

Корисниците пак на iOS, исто така нема да останат покуси за одбивање на топчиња и собирање поени преку истите ликови плус таблата со Doctor Doom.

Двете верзии се достапни во Google Play Strore, односно, iThunes по цена од 1.99 долари за една табла.