Мобилниот како скенер на баркодови

Објавено на 03.07.2012 во Новости



Мобилниот како скенер на баркодови

Сигурно ви се случило да се најдете во гужва пред касата на некој од супермаркетите, па дури и касиерката да се мачи со читачот на прозиводи. Сигурно во таков миг сте посакале да го извадите смартфонот и да ги „куцнете“ производите во вашата кошничка.

Добро, можеби вие не сте помислиле, но има и такви, на пример Amazon, кои добиле одлична идеја да ни ги опремат смартфоните со апликација која е способна за читање на баркодовите. Оваа апликација е наречена Amazon Flow, а достапна е за уредите на iOS и неодамна за платформата на Android.

Примената на Amazon Flowе прилично едноставна. Но забавниот дел ја издвојува од илјадниците апликации, па така на пример може да ја скенирате насловната страна на некое оригинално DVD, а апликацијата ќе ви го пушти трејлерот за тој филм. Освен ова, за одредени производи има дополнителни содржини преку технологијата „пренесена реалност“.

Amazon Flow е бесплатна за превземање од Google Play Store и iThunes, a има прилично модерен кориснички интерфејс.