Црв го демне AppStore

Објавено на 07.07.2012 во Новости



Црв го демне AppStore

 

Доказ дека речиси ниту една платформа не е имуна на вируси е најновиот извештај на Kaspersky пронајден црв или штетен код во AppStore.

Црвот се вика „Find and Call“, а неговата цел е да го украде именикот на телефонот и да праќа несакани пораки до неговите контакти во форма на порака која содржи линк до AppStore.

 

Ова не е првата апликација за iOS која прави несакани работи со вашите контакти. Уште во 2008 година, играта за iPhone наречена Aurora Feint можеше да ја испрати вашата адреса до оддалечен сервер и тоа во обичен текст. Новата апликација „Find and Call“  ја пронајде познатата компанија за анти-вирусен софтвер Kaspersky.

За среќа, апликацијата е отстранета од AppStore и засега нема пријавено каква било штета од неа, особено поради фактот што била наменета за мобилните во руското говорно подрачје.