Не пишувајте пораки додека возите

Објавено на 09.07.2012 во Новости



Не пишувајте пораки додека возите

Сигурно досега некој ве опоменал дека пишувањето на СМС пораки додека возите е многу опасно, но доколку и понатаму мислите дека не ви пречи на концентрацијата погледнете ги следниве податоци.

Според повеќе истражувања шансите да ви се случи сообраќајна нереќа додека праќате СМС се зголемени за 23 пати. Неоспорно е дека ваквата активност ја попречува концентрацијата, ги забавува рефлексите и можноста за брза реакција.

Според статистиката од сите сообраќајни несреќи кои настанaле поради засметување,  за речиси 18% проценти се заслужни возачи кои истовремено праќале СМС порака.

Користењето на мобилниот телефон додека возите ги забавува рефлексите речиси исто како да сте под дејство на алкохол во дозволените рамки.

Сите податоци и статистики може да ги погледнете од следниот инфографик.

Texting and driving infographic