НБА ѕвезди користат Sign Now

Објавено на 12.07.2012 во iOs



НБА ѕвезди користат Sign Now

НБА ѕвездaта Дерон Вилијамс потпиша милионски договор преку апликацијата Sign Now.

Мега договорот вреден 98 милиони долари беше запечатен од страна на големата НБА ѕвездa Дерон Вилијамс, кој го даде својот потпис на iPad, преку апликацијата Sign Now.

Бекот ќе заигра за тимот Brooklyn Nets, a се очекува да му се приклучи и Двајт „Супермен“ Хауард.

Инаку апликацијата Sign Now се користи за виртуелно потпишување на документи и е достапна за превземање во App Store, за корисниците на iOS платформата.

Автор: Aleksandar Stankov