iPad 3 најмногу ќе го користат бизнисмените

Објавено на 20.07.2012 во Новости



iPad 3 најмногу ќе го користат бизнисмените

 

Едно истражување на истражувачката компанија Consumer Intelligence Research Partners вели дека iPad 3 најмногу ќе се користи за биснис-цели.

Истражувањето опфати 1000 корисници и можни купувачи на iPad и покажа дека околу 21% од нив, третата генерација на овој уред би ја користеле за бизнис.

Се разбира, тука се категориите кои секогаш се најинтересни за корисниците на таблет – интернет и забава. Но, тоа може да опфати голем број профили на луѓе, од стари до млади и од оние кои го купуваат iPad само за забава до оние кои покрај забавата, која некогаш е неизбежна, примарно ќе го користат уредот за бизнис.

Во прилог на ова се и бројките кои покажуваат дека сè повеќе бизнисмени и општи работници го користат овој таблет на работа. На пример, резултатите од пред една година, покажуваат дека 86% од бизнисмените (според магазинот Fortune 500) или нивните вработени го користеле iPad за и на работа.





Прочитајте повеќе: