Dark Knight Rises доаѓа на Android

Објавено на 23.07.2012 во Новости



Dark Knight Rises доаѓа на Android

Gameloft завчера и официјално ја претстави во Google Play Store играта која го носи името како и најновото продолжение на Бетмен, „The Dark Knight Rises“.

Приказната во играта е слична како и во филмот (иако уште не сум го гледал) – вие сте во улога на човекот-лилјак и треба да го спасите Готам од „непријателот“ Бејн со помош на комесарот Гордон, жената-мачка и, се разбира, Луциус Фокс.

Играта е доста големка за преземање, бидејќи „тежи“ дури 1,8GB, така што гледајте да сте поврзани преку WiFi кога ќе ја преземате. Исто така, не е мала ниту нејзината цена од 7 долари.

Ако сте заинтересирани, играта е достапна тука