Sony ќе презентира нова серија на смартфони

Објавено на 26.07.2012 во Новости



Sony ќе презентира нова серија на смартфони

Јапонската компанија за електроника, Sony, најави дека на 29 август ќе ги покаже новите смартфони, но и други производи.

На 29 август, во Берлин е закажан прес настан на кој главна тема ќе биде прикажување на повеќе новитети кои ги планира Sony. Дел од уредите за кои се претпоставува дека ќе го видат своето прво јавно прикажување се ST26i Xperia J, LT29i Hayabusa, LT30i Mint LT26ii Xperia SL.

Што всушност од се ова навистина ќе се реализира, останува да проследиме наредниот месец. Но, она што навистина се очекува од Sony е промоција на нов топ смартфон, кој треба да го освои пазарот.