Google TV - Конечно

Објавено на 26.07.2012 во Новости



Google TV - Конечно

Компанијата Vizio, која е партнер на Google во развојот на онлајн телевизискиот уред Co-Star, конечно може со сигурност да каже дека проектот е успешен.

Vizio го најави  пласманот на уредот уште пред еден месец, непосредно по технолошкиот саем на Google на кој беа презентирани повеќе новитети. Дали Vizio почуствува притисок дека треба конечно да си ја заврши работата или се се одвиваше по својот нормален тек, сега веќе не е важно.

Како што претходно беше најавено со уредот Co-Star ќе имате пристап до сите содржини во Google Play Store, a уредот може да се претвори и во играчка конзола. Уредот ќе чини 100 долари, а може да се нарача од веб страната на Viziо.