Први слики од Firefox OS

Објавено на 03.08.2012 во Новости



Први слики од Firefox OS

 

Во прилог на веста дека Mozilla се подготвува набрзо да го лансира нивниот нов оперативен систем кој се базира на HTML5, дојдовме и до првите слики за него.

Интерфејсот личи на некаква мешавина од другите оперативни системи – според основниот екран и центарот за известувања би можеле да речеме дека се работи за Android.

 

Сликите ни доаѓаат од вработен на Mozilla кој истакна дека иако од прилика вака би изгледал системот, сепак е подложен на извесни промени и не е баш блиску до крајната фаза.