Motorola Droid Razr HD и Maxx HD ќе ја видат светлината на денот

Објавено на 14.08.2012 во Новости



Motorola Droid Razr HD и Maxx HD ќе ја видат светлината на денот

По многубројните шпекулации за точниот датум на презентирање на најновите топ смартфони од Motorola, конечно пристигнува информација која може да донесе барем мала сигурност што се може да очекуваме од оваа компанија наскоро. Повеќе портали пренесоа инсајдерски информации за плановите на Motorola за наредниот период, што донекаде ги смири сите шпекулации и нагаѓања.

Шпекулациите ги подгреваше и самата компанија која направи неколку маркентишки трикови, искористувајќи го вниманието на јавноста, но нивните пи-ар трикови на крајот се испостави дека воопшто не се наменети за долго очекуваните Motorola Droid Razr HD и Maxx HD.

Новите Razr/Maxx уреди нема многу да се разликуваат од нивните претходници, а како главно подобрување ќе бидат HD екранот со резолуција од 720 X 1280 пиксели, потоа dual-core Qualcomm Snapdragon S4 процесор со брзина од 1.5GHz, како и поиздржлива батерија и мали измени во дизајнот.

Смартфоните Motorola Droid Razr HD и Maxx HD треба да се појават во октомври, а дотогаш прочитајте ја нашата рецензија за Motorola Droid Razr.