Acer Iconia A110 ќе се судри со Nexus 7

Објавено на 14.08.2012 во Новости



Acer Iconia A110 ќе се судри со Nexus 7

Наскоро треба да се појави нов таблет произведен од Acer, кој ќе има многу ниска цена и ќе претставува вистинска конкуренција на Google Nexus 7 таблетот, што треба да предизвика бура во океанот на Android.

Првиот таблет на Google, досега бележи одлични резултати, а веќе неколку производители најавија дека ќе го следат неговиот чекор со нови, ефтини таблети, кои ќе треба да ја загрозат неговата позиција.

Google Nexus 7 - Прво па машко

Acer Iconia Tab A110 e еден од тие таблети кој серизоно ќе го раздрма пазарот, а тоа се должи на еден факт. Прво и сигурно е дека неговата цена ќе биде ниска, околу 200 долари, што сепак и не е нешто помалку од вредноста на Nexus 7, но ќе има можност за приклучување на мемориска картичка microSD до 40 GB, а таблетот на Google е сиромашен во поглед на меморијата и без приклучок за мемориска картичка.

Acer Iconia Tab A110 ќе има NVidia Tegra 3 четири јадрен процесор, 1 гига РАМ и Android Ice Cream Sandwich, за разлика од Nexus 7, кој е првиот таблет со најновиот Android 4.1 Jelly Bean. Сепак, во овој дел постои можност, Acer да се предомислат и да го применат Jelly Bean, со што би биле чекор поблиску до Nexus 7.

Кога ќе излезе и официјално Acer Iconia Tab A110 ќе направиме споредбена рецензија со Nexus 7, но уште сега може да се претпостави дека таа битка ќе ја добие чедото на Google.





Прочитајте повеќе: