BlackBerry 10 ќе го биде

Објавено на 15.08.2012 во Новости



BlackBerry 10 ќе го биде

Торстен Хајнс, извршниот директор на Research in Motion, во изјава за медиумите потврди дека новиот оперативен систем BlackBerry 10 ќе биде готов уште во последниот квартал на 2012-година, со што ги демантираше гласините дека канаѓаните се откажуваат од проектот или пак дека ќе ја остапат лиценцата на друг производител.

Торстен Хајнс потенцира дека проектот е речиси во завршна фаза, а останува да се доработат само финесите. Ако досега RIM трпеше многу критики поради долгото одложување на новиот ОС, Хајнс вели дека овој пат роковите ќе бидат испочитувани. Промоцијата треба да се случи на почетокот на 2013-та година.

Паралелно ќе бидат презентирани и новите BlackBerry уреди кои ќе работат со многу подобрен кориснички интерфејс, а ќе бидат во две форми. Првите уреди ќе доаѓаат со карактеристичната QWERTY тастура, додека другите ќе имаат touch екран.