Adobe започна да го блокира Flash Player за Android
Објавено на 16.08.2012 во Новости
Како што известивме порано, Adobe од денес почна да го блокира Flash Player во Google Play Store.
Корисниците на Android кои веќе го инсталирале плагинот ќе продолжат да примаат безбедносни поправки, но оние кои досега го немаат инсталирано, нема да можат да го сторат тоа.
Оваа промена е дел од поголемиот план на Adobe да го исфрли мобилниот Flash Player и да се фокусира на десктоп верзијата. Сега кога веќе го нема Flash Player, корисниците ќе можат да се потпрат на HTML 5 технологијата.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.