Sony го претстави Xperia SL – освежена Xperia S

Објавено на 20.08.2012 во Новости



Sony го претстави Xperia SL – освежена Xperia S

 

Sony го претстави новиот смартфон Xperia SL – освежена верзија на моменталниот главен смартфон Sony Xperia S.

Sony Xperia SL доаѓа со дво-јадрен процесор Qualcomm S3 на 1.7GHz, наместо 1.5GHz, остатокот од перформансите е горе-долу сличен.

Ова значи дека Sony Xperia SL нуди 32GB внатрешен простор, Adreno 220 графичка и 1GB RAM меморија. Предниот дел ќе го краси 4,3 инчен LCD дисплеј со HD резолуција, предна камера од 1,3 МП за видео повици и задна камера од 12 МП од назад.

За поврзување, телефонот ќе користи Wi-Fi, GPS Bluetooth, microUSB и microHDMI, додека неговите димензии се 128.0 x 64.0 x 10.6 mm и тежина од 144 грама.

Засега не се знае телефонот кога точно телефонот ќе дојде во продажба.