Цукерберг сака подобар Facebook за Android

Објавено на 27.08.2012 во Новости



Цукерберг сака подобар Facebook за Android

Најголемата социјална мрежа на светот Facebook, неодамна издаде „природна“ верзија, односно апликација за оперативниот систем iOS. Oна што сега ги мачи е нивното присуство на Android платформата за мобилен.

За таа цел вработените во Facebook се „принудени“ да ја користат апликацијата на Android за да пронајдат подобро решение кое ќе биде многу побрзо и поопширно од досегашната аплиакција која се базира на HTML 5 платформата. Досегашното искуство со оваа апликација не е лошо, особено ако сте се префрлиле на Timeline профилот, но ако го користите стариот стил е многу побавен и ограничен. 

Бидејќи Марк Цукерберг не остава ништо на случајот многу наскоро ќе може да видиме и одлична апликација на Facebook за Android, како таа што е наменета за iOS.